Infoproject
MOST Platform
Инфопројект · Нов производ
MOST.
Едно место за сите деловни потписи
Безбедно
Централизирано
Проверливо
MOST ги поврзува документите, правилата, клучевите и довербата во еден систем. Managed Orchestration of Signing and Trust.
Managed Orchestration of Signing and Trust
MOST
Managed
Orchestration
of Signing
and Trust

Зошто MOST - и зошто сега?

Воведувањето на е-Фактура јасно покажа дека дигиталното потпишување повеќе не е изолиран технички додаток, туку клучен дел од деловната инфраструктура. Во Македонија системот за е-Фактура веке е ставен во употреба, а УЈП јавно објавува тестирање на API и доставување дигитално потпишани тест е-фактури. Паралелно, законската рамка за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги веке поставува јасни правила за правното значење на квалификуваните електронски потписи и печати.

MOST не е само "потпиши документ"

MOST е замислен како централен дигитален signing hub за целото претпријатие - ERP, финансии, правни документи, HR, продажба, договори со клиенти, интерни акти и сите други документи што бараат сигурно, контролирано и проверливо потпишување.

Потписот е комбинација од пет елементи

MOST не гледа на потписот како на едноставна техничка операција. Гледаме на него како на комбинација:

Правило
Идентитет
Безбедно чување на клучот
Доказен траг
Ревизорска подготвеност

MOST е решение кое обезбедува

Правилно потпишување
Безбедно извршување
Проверливи резултати
Управливост
Долгорочна одржливост

Реални сценарија во една организација

Квалификувано потпишување на фактуриПечатење и потпишување на е-Фактури со организациски квалификуван печат
Потпишување договориДоговори со физички и правни лица, со еден или повеке потписници
Интерни потписи и одобренијаИнтерни акти, одобренија по хиерархија, работни текови
Повеке потписници на ист документПаралелно или секвенцијално потпишување по дефинирано правило
Различни правила по подсистемERP, DMS, CRM - секој модул со сопствена политика за потпишување
Различни клучеви по вид на документСекој тип документ го користи соодветниот клуч и сертификат

Физичките лица можат да потпишат - без да доаѓаат физички

Договорот не мора да чека потпис на хартија. MOST поддржува квалификувани електронски потписи на физички лица - граѓани, вработени, клиенти, договорни страни. Лицето потпишува дигитално, со правна важност еднаква на рачниот потпис, откаде и да е. Ова е особено критично за финансискиот сектор - банки, лизинг компании, кредитни биро и сите организации кои склучуваат договори со физички лица.

Банки и финансиски институции

Потпишување на договори со клиенти во целосно дигитален процес - без физичко присуство во експозитурата.

  • Договори за кредит - потрошувачки, хипотекарни, автомобилски
  • Договори за тековна сметка и штедна сметка
  • Полномошни и овластувања
  • Договори за осигурување на депозит
  • SEPA налози и банкарска документација
  • Согласности за обработка на лични податоци
Лизинг компании

Целосно дигитален процес на одобрување и потпишување лизинг договори - без хартија, без чекање.

  • Лизинг договори за возила и опрема
  • Договори за оперативен и финансиски лизинг
  • Анекси и измени на лизинг договорите
  • Изјави и согласности на корисникот
  • Документација за осигурување на предметот на лизинг
  • Записници за примопредавање
Закуп и недвижности

Закупните договори и документацијата за недвижности се потпишуваат дигитално - и од физички и од правни лица.

  • Договори за закуп на стан, деловен простор, земјиште
  • Предговори и договори за купопродажба
  • Записници за примопредавање на имот
  • Изјави на станари и сопственици
  • Договори за хипотека
Вработување и HR

Договорите со вработени се потпишуваат без физичко присуство - особено корисно за далечинска работа и нови вработувања.

  • Договори за вработување - потпис на двете страни
  • Анекси и измени на договорите
  • Изјави за тајност (NDA)
  • Согласности за обработка на лични податоци
  • Решенија кои бараат потпис на вработениот
mojpotpis.mk

mojpotpis.mk - Квалификувани потписи за физички лица во Македонија

Платформата mojpotpis.mk овозможува на граѓаните на РСМ да добијат и да користат квалификуван електронски потпис - правно изедначен со рачниот потпис. MOST се интегрира директно со оваа инфраструктура, овозможувајки им на вашите клиенти да потпишуваат договори, кредитни апликации, лизинг документи и сите останати правни акти - дигитално, безбедно и без да доаѓаат физички.

MOST се вклопува во целиот информативен систем на претпријатието

MOST не е изолирана алатка за потпишување. Тој се интегрира директно во постоечките системи и модули на претпријатието - без потреба да се менуваат воспоставените работни текови. Документите се потпишуваат таму каде се создаваат, со правилата дефинирани во MOST, а целата трага се чува централно.

ERP системОперативни и комерцијални документи
  • Излезни фактури и кредитни ноти со квалификуван организациски печат
  • Нарачки кон добавувачи - потпис пред испраќање
  • Приемници и доставници со потпис на одговорното лице
  • Понуди и договори со клиенти - внатрешно одобрување и испраќање
  • Интерни налози, требувања и прометни документи
  • е-Фактура - автоматско потпишување при генерирање
Човечки ресурсиПерсонална и работна документација
  • Договори за вработување - потпис од двете страни
  • Анекси и измени на договорите
  • Решенија за годишен одмор, боледување, отсуство
  • Опомени, предупредувања и дисциплински мерки
  • Потврди за вработување и платни листи
  • Записници од оценувања и разговори
  • Договори за соработка и услуги со трети лица
  • Тајност на информации - NDA потпис пред ангажман
  • Полномошни и овластувања
  • Поднесоци до јавни институции и органи
  • Правни мислења и интерни упатства
  • Записници од состаноци на органи на управување
Финансии и сметководствоФинансиска документација
  • Налози за плаќање со двоен потпис (четири очи)
  • Финансиски извештаи - одобрување и потпис пред поднесување
  • Годишни сметки и биланси
  • Банкарска документација и налози
  • Интерни финансиски одобренија и реверсали
  • Даночни пријави и прилози
ПроизводствоОперативна и техничка документација
  • Работни налози - потпис при отварање и затворање
  • Записници за квалитет и контрола
  • Сертификати за усогласеност на производи
  • Технички упатства и процедури во употреба
  • Записници при прием на суровини и материјали
  • Рекламации и извештаи за неусогласеност
Општо управувањеИнтерна регулатива и одлучување
  • Одлуки на органи на управување (Управен одбор, Надзорен одбор)
  • Интерни правилници, упатства и процедури
  • Политики за безбедност, ISO документација
  • Планови, стратегии и годишни програми
  • Записници од интерни ревизии
  • Известувања до регулаторни тела
Секој поврзан систем го задржува сопствениот работен тек. MOST не го менува начинот на работа - додава само слојот на безбедно потпишување и централна трага. Документот е потпишан каде е создаден, со клучот и политиката дефинирани во MOST, а сето тоа е видливо во единствениот ревизорски запис.

Интеграција во воспоставените работни текови

Потпишувањето не е изолирана акција - тоа е дел од поширок процес на одлучување, одобрување и архивирање. MOST се вклопува во тие процеси и ги поддржува и внатрешните и надворешните документни текови, со целосна следливост на секоја акција.

Внатрешни документни текови

Документите создадени внатре во организацијата поминуваат низ дефинирани чекори на одобрување пред потпишување. MOST го следи секој чекор - кој го видел документот, кој го одобрил, кој го потпишал и кога.

Интерни одлуки
Правилници и упатства
Записници од состаноци
Налози за плаќање
Работни налози
HR решенија
Финансиски одобренија
ISO документација

Надворешни документни текови

Документите упатени кон надворешни страни - клиенти, добавувачи, партнери, институции - се потпишуваат со квалификуван потпис или печат и испраќаат со правно значајна трага. Секоја страна добива потврда за идентитетот на потписникот и валидноста во моментот на потписот.

Договори со клиенти
е-Фактури
Понуди и прифаќања
NDA договори
Поднесоци до институции
Сертификати за квалитет
Договори со добавувачи
Банкарска документација

Повеке потписници - четири очи

За документи кои бараат повеке потписи - паралелно или по хиерархија - MOST управува со целиот тек. Дефинирате кој мора да потпише, во кој редослед, во кој временски период. Ако некој не потпише навреме, системот испраќа потсетник.

Налози за плаќање
Крупни договори
Одлуки на одбор
Финансиски извештаи
Набавни договори

Договори и правни акти

Договорите минуваат низ внатрешен правен преглед пред потпишување. MOST го поддржува целиот циклус - нацрт, верзионирање, правен преглед, одобрување, потпис, архивирање. Потпишаниот документ автоматски влегува во DMS со целосната историја.

Договори за услуги
Договори за набавка
Договори за вработување
Лиценцни договори
Спогодби и анекси

Целосна следливост - трагата е неизменлива

За секој потпишан документ, MOST чува целосна, неизменлива трага на секој настан. Не само "кој потпишал" - туку целиот пат на документот од создавање до архивирање.

1
Создавање
Систем, корисник, датум, верзија
2
Одобрување
Кој одобрил, кога, по кое правило
3
Потпишување
Идентитет, клуч, сертификат, жиг
4
Достава
Примач, канал, потврда за прием
5
Архивирање
DMS, рок на чување, класификација

Безбедноста е во срцето на MOST

Во MOST безбедноста не ја третираме како дополнителна опција. Таа е основа на архитектурата. Чувствителните организациски клучеви не треба да се третираат како обични фајлови во папка на сервер.

HSM-backed клучеви

Приватниот клуч не кружи низ системот како обичен фајл. Се чува и користи во контролирана, хардверски заштитена средина.

QSCD поддршка

Поддршка за квалификувани уреди за создавање на потписи - локални и далечински QSCD модели, согласно барањата на KIBS и eIDAS.

Контролиран пристап

Јасна поделба на одговорности - кој може да го користи клучот, за кои документи, во кое временско прозорче.

За клиентите тоа значи помал ризик, подобра контрола, јасна поделба на одговорности и многу посилна безбедносна позиција - и пред клиенти, и пред ревизори. KIBS во својата документација за квалификувани сертификати експлицитно опишува безбедни криптографски модули со приватни клучеви.

Подготвен и за SaaS, и за on-premise средини

MOST е проектиран со мисла за различни инфраструктурни потреби. Наместо сертификатите да се третираат како обична апликациска конфигурација, MOST обезбедува изолација, контролиран пристап и јасни политики за користење.

SaaS / ОблакУправувано од Инфопројект
Изолација на клучеви по клиент
Контролиран пристап со јасни политики
Целосни логови и архитектура за ревизија
Подготвено за одбрана пред клиент и ревизор
Брза имплементација без локална инфраструктура
On-PremiseИнсталирано кај клиентот
Целосна контрола врз инфраструктурата
Интеграција со постоечки HSM уреди
Суверенитет на клучеви и податоци
Приспособени политики за безбедност
Препорачано за организации со строги барања

Подготвен за ревизии, извештаи и раст

Кога клиентите ке влезат под подлабока контрола, нема да биде доволно само да покажат дека документот е потпишан. MOST прави разлика - со централно управување, детални евиденции и целосна историја на настани.

Кој потпишал?Точен идентитет на потписникот, со верификација
Кога потпишал?Квалификуван временски жиг за секој потпис
Што е потпишано?Конкретен документ, верзија, хаш на содржината
Со кој механизам?Кој клуч, кој сертификат, дали бил валиден во тој момент
По кое правило?Политиката под која е извршено потпишувањето

Усогласеност и добри практики

MOST е развиен со јасна ориентација кон применливата регулатива за електронски документи и доверливи услуги, како и кон меѓународно прифатени дисциплини за безбедност, континуитет и управување со квалитет.

ISO/IEC 27001
Системи за управување со безбедност на информациите - основа за безбедносната архитектура на MOST
ISO 22301
Деловен континуитет - обезбедување на достапност на потпишувањето дури и при инциденти
ISO 9001
Системи за управување со квалитет - управливи процеси, мерливи резултати, постојано подобрување
Закон за ел. документи
Усогласеност со македонската регулатива за електронски документи, идентификација и доверливи услуги
eIDAS / QSCD
Поддршка за квалификувани сертификати и уреди согласно европските стандарди за доверливи услуги
KIBS Trust
Компатибилност со квалификуваната инфраструктура на KIBS - водечкиот TSP во Македонија

MOST е повеке од одговор на е-Фактура

Да, поводот е е-Фактура. Но решението е многу пошироко.

MOST е нашата визија за единствен, безбеден и управлив систем за дигитално потпишување во целото претпријатие - за мали, средни и големи организации; за on-premise и SaaS модели; за денешните обврски и за утрешните ревизии.

MOST е местото каде дигиталното потпишување престанува да биде импровизација и станува инфраструктура.

Побарај консултација

MOST е местото каде дигиталното потпишување престанува да биде импровизација и станува инфраструктура.

Инфопројект · MOST Platform · 2026
Infoproject
Инфопројект ДООул. Козле 93/16, 1000 Скопје · Република Македонија